Свет
Лукман е нов африкански „крал“: Не заборавајте дека пред четири години бев неуспешен
Адемола Лукман имаше незаборавна сезона во Аталанта и со своите голови во финалето го водеше својот тим до големата титула во Лига Европа, достигнување кое направи да го добие епитетот „нов крал во Африка“.
Ѕвездата на Аталанта ја доби највредната награда која се доделува во фудбалска Африка, односно беше избран за најдобар африкански играч на свечената церемонија која се одржа во Маракеш.
Лукман ја доби битката со Серху Гираси од Борусија Дортмунд и Ашраф Хакими од ПСЖ, па така на африканскиот трон го наследува Виктор Осимен кој беше избран за најдобар пред една година.
Адемола ја добива оваа награда на 27-годишна возраст, за време на обраќањето имал навистина инспиративен говор и потсетил дека не било се така лесно за него во последните четири години.
– Сакам да му се заблагодарам на семоќниот Бог за сето ова што ми го овозможи во животот и што ме благослови да стигнам до тука. Сакам да им се заблагодарам на претседателот на фудбалската Федерација на Нигерија, на сите мои соиграчи во репрезентацијата и клубот.
– Ова е награда за мене, за моето семејство, за мојата нација. Да се биде најдобар играч во Африка е нешто неверојатно, морам да признаам дека сум исклучително горд. Пред четири години не успеав во светот и бев големо промашување. Четири години подоцна, јас сум најдобар играч во Африка. Сакам да им го порачам следното на малите деца и на луѓето кои го гледаат ова: Не дозволувајте вашите неуспеси да ве оптоварат и да ви ги скршат крилјата, претворете ја вашата болка во моќ и продолжете да летате високо. Бог да ве благослови, – порачува Лукман.
🏆⚽️ ADEMOLA LOOKMAN SACRÉ BALLON D'OR AFRICAIN DE L'ANNÉE !! pic.twitter.com/hj7QozEjWO
— beIN SPORTS (@beinsports_FR) December 16, 2024
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Репрезентација23 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!