Поврзете се со нас

Германија

Лукавото ремек-дело на Кимих не се виде во ТВ преносот (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен покажа моќ во воведната рунда во Бундеслигата и само го потврди она што се најавуваше веќе некое време, односно дека ќе биде апсолутен фаворит за одбрана на титулата и продолжување на доминацијата во Германија.

Баварците беа посебно импресивни во првите 45 минути во кои постигнаа дури пет гола, а интересно беше и тоа што видовме дури пет различни стрелци.

Кимих, Павар, Мусиала, Мане и Гнабри ја погодија мрежата на Трап во првите 45 минути, но убедливо најубав беше погодокот со кој беше отворена завесата во новата сезона во Германија.

Џошуа Кимих реагираше максимално луцидно и со лукав потег успеа да го измами Трап, но и режисерот на натпреварот кој не можеше да понуди добар кадар.

Поради жешката атмосфера и пиротехниката на главната трибината на стадионот на Ајнтрахт, ремек-делото на Кимих не се виде најубаво во прв момент во ТВ преносот, па потребна беше повторената снимка за погодокот да го видат и фудбалските фанови крај ТВ приемниците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни