Лукас Васкез објасни зошто толку многу се оцрнува Реал: Сите знаеме зошто ни завидуваат…

lukas-vaskez

Лукас Васкез во кратко интервју за шпанските медиуми одново го искоментира спорниот пенал од четвртфиналето меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, но овојпат, на домашните новинари им замери за тоа што постојано се обидуваат да направат и да изрежираат некое црно сценарио за „кралскиот клуб“.

Крилниот напаѓач на Реал беше човекот кој беше фаулиран од страна на Бенатија и играчот поради чиј пад Мајкл Оливер покажа на белата точка, а тоа предизвика бура од реакции во светската спортска јавност, во која имаше и голем број на критики за тоа дека некој постојано го форсира Реал во елитното натпреварување.

– Тоа беше пенал и нема што да се додаде. Премногу се навраќаме на тој момент кој веќе не може да се промени. Ги боли останатите тоа што осум години по ред се пласираме во полуфналето во Лигата на шампионите, тоа креира завист кај останатите со која мораме да се научиме да живееме. Има многу луѓе кои се среќни на секој наш неуспех. За овој пенал, поголем прав се крена во Шпанија отколку во Италија, – им порачал Васкез на новинарите по крајот на мечот меѓу Малага и Реал.

Facebook Коментари