Поврзете се со нас

Италија

Лукаку за сликата која никогаш не му излегла од глава: Тоа е најубавиот спомен со Конте

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Ромелу Лукаку го комплетираше трансферот во Наполи и повторно се избори за соработка со Антонио Конте, тренер со кој изгледа посебен и специјален однос во досегашниот дел од кариерата.

Белгискиот напаѓач своите најдобри изданија ги понуди со Конте како тренер на Интер, па судбината сега посака повторно да работат заедно во Италија, но овојпат под Везув.

Лукаку пристигна во Неапол како директна замена за Виктор Осимен и ќе биде ударна игла во нападот на Конте, а со поддршка на извонредниот стручњак, се надева дека ќе се врати во најдобра форма.

Корпулетниот напаѓач во првото обраќање ја објасни специфичната врска која ја има со Конте, но го посочи и моментот кој никогаш нема да му излезе од глава.

– Имам долга историја со Конте и таа започна уште пред да соработуваме во Интер. Тој сакаше голема „9-ка“ за својот тим, но немавме шанса да работиме заедно. Потоа добивме шанса во Интер и се заврши на најдобар начин.

– Најубавата слика која ја имам е од денот кога го освоивме Скудетото. Имам заедничка слика со него и таа не ми излегува од глава. Тоа е најубавото нешто од нашето патување, се надевам дека ќе креираме нови сега во Наполи, – изјави Лукаку.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни