Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лукаку за човекот кој го остави без титулата во ЛШ: Не го допрев трофејот, никогаш нема да му простам!

Објавено

на

Ромелу Лукаку како суперталентиран тинејџер пристигна во Челси од редовите на Андерлехт, но од првата сезона во Лондон, има едно горко искуство кое вели дека ќе го памети до крајот на својот живот.

Во сезоната 2011/12 која беше прва за Лукаку во клубот, Челси направи историја и ја освои првата титула во Лигата на шампионите, но Лукаку не беше дел од шампионскиот тим поради вина на Андре Вилјаш Боаш. Португалецот кој ја стартуваше сезоната како менаџер беше брзо избркан и заменет со Ди Матео кој го однесе тимот до историскиот успех, но Вилјаш Боаш беше оној кој го селектираше тимот за Лигата на шампионите, а од кој не беше дел Лукаку.

Поради тоа, младиот Белгиец не се води како играч кој го освои трофејот во најелитното натпреварување, без разлика на тоа што Ди Матео му дозволи да се радува со тимот како еден плус.

– Ди Матео ми кажа дека треба да останам со групата до крајот, и после финалето при славјето. Тој сметаше дека сите треба да дојдат, суспендираните играчи, но и оние кои не беа вклучени во составот за Лигата на шампионите. Благодарен сум за тоа искуство кое ми го овозможи.

– Таа победа беше нешто за кој сонува секој играч, беше навистина убаво да се слави со тимот, иако не се водев како играч кој ја освои титулата. Бев среќен за клубот, но има еден човек кој многу ми одзема. Претходниот трене, Андре Вилјаш Боаш. Никогаш нема да му простам за тоа. Не требаше да ме третира така, Ди Матео веднаш ме вклопи во тимот. Никогаш нема да му простам на неговиот претходник, – тврди Лукаку.

– Не го допрев трофејот од Лигата на шампионите, јас не го освоив и не го допрев. Таков е мојот однос од 11-та година. Не допирам нешто што не е мое, не допирам нешто за што сум немал никаков придонес, – завршува Белгиецот кој сега настапува за Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни