Поврзете се со нас

Италија

Лукаку со провокација кон Ибра: Клекнете пред кралот (Фото)

Објавено

на

Тимот на Интер по децениски пост конечно се врати на врвот во Серија А откако вчера и официјално беше потврден за нов шампион на калчолигата.

„Нероаѕурите“ одиграа одлично во вториот дел од сезоната и со огромна предност пред конкурентите, на  четири кола до крајот на шампионатот беа крунисани за нови шампиони во Серија А.

Откако стана јасно дека Интер ќе биде нов шампион во Италија, Ромелу Лукаку ги искористи социјалните мрежи за да испрати провокација на адреса на Златан Ибрахимовиќ со кого имаа пресметка на меѓусебниот натпревар во февруари.

„Војната“ на некогашните соиграчи од Манчестер Јунајтед, а сега лути ривали од миланските клубови продолжи и на социјалните мрежи, овојпат иницирана од Лукаку.

– Вистинскиот Бог го круниса кралот! Сега поклонете се. Кралот на Милано, -напиша Лукаку во провокативната порака која очигледно беше испратена до Ибрахимовиќ кој во многу наврати се става во улогата на крал или Бог.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни