Поврзете се со нас

Италија

Лукаку се отвори за својот однос со Ибра: Златан е фантастичен играч, но…

Објавено

на

Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ предизвикаа виситнска „војна“ за време на Куп пресмектата меѓу Интер и Милан, по што следеа низа провокации кои кулминираа со завршната порака на Белгиецот по освоеното Скудето од страна на „нераѕурите“.

Лукаку му порача на Ибра да се поклони пред вистински и нов крал на Милано по освоената титула во Серија А изминатиот викенд, а сега говорејќи далеку посериозно во интервјуто кое го направи за „Кориере дела Сера“, се отвори за односот кој го имал со Швеѓанецот.

– Губевме 1:0, промашив добра шанса и бев бесен. Неговите зборови ме погодија. Не сум среќен од реакцијата која ја имав, но едноставно не дозволувам да бидам омаловажен на теренот.

– Јас сум понизна личност, сакам да победувам и се борам за победа на мојот тим до смрт. Ибрахимовиќ е фантастичен играч, победи во сите тимови, постигна повеќе од 500 гола. Имав добар однос со него до моментот кога си замина од Манчестер, но тоа е се. Сега е мој притивник, а за Серија А е добро што има вакви фудбалери во Италија.

– Ибра сака да победува за себе, јас сакам да победувам за Интер, а Роналдо сака да победува за Јувентус. Доаѓа и Мурињо во Рома, следат добри работи за италијанскиот фудбал, – вели Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни