Поврзете се со нас

Италија

Лукаку се отвори за проблемите со менталното здравје: Поминав низ големи проблеми

Објавено

на

Напаѓачот на белгиската репрезентација и прва ѕвезда на Интер, Ромелу Лукаку одвои време за своите фанови и одговараше на прашања поставени преку социјалната мрежа Твитер.

Напаѓачот беше прашуван за многу работи, а меѓу другото беше запрашан дали е вистина дека имал проблеми со менталното здравје, на што Белгиецот даде потврден одговор.

– Минував низ некои големи проблеми во 2018 година, ќе зборувам за тоа јавно многу скоро, -напиша Лукаку кој потоа истакна дека Конте бил тренерот кој го натерал да негува стил на игра по кој сега фудбалерот е препознатлив.

– Да бидам искрен, никогаш не сум сакал да играм со грбот свртен кон голот, се додека Антонио Конте не направи да видам што можам да направам за тимот, а исто и за мене, -напиша Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни