Лукаку се налути по елиминацијата од Севилја и го впери прстот кон соиграчите! (Видео)

lukaku-lingard

Ромелу Лукаку го постигна почесниот гол за Манчестер Јунајтед во осминафиналната елиминација од Севилја во Лигата на шампионите, а сосема очекувано, тоа премалку му значеше на корпулентниот Белгиец кој беше видно разочаран по поразот на „Олд Трафорд“.

Напаѓачот на Јунајтед не ја криеше лутината и даде доста сензационална изјава во интервјуто со „Би-Ти Спорт“ во микс зоната, прикажувајќи сосема различен став од оној на Мурињо кој по крајот на средбата порача дека нема што да им замери на своите играчи за пристапот и трудот кој го покажале на теренот.

За разлика од Португалецот, Лукаку беше доста директен и дрзок, па по крајот на мечот посочи дека добар дел од играчите на Јунајтед се криеле за време на мечот и не играле како да се дел од голем тим.

– Нешто беше погрешно со одредени играчи, некои играчи се криеја. Разочарување е многу големо. Го започнавме мечот добро, но потоа им дозволивме да контролираат. Имавме неколку полушанси, но не постигнавме гол. Тие го постигнаа првиот гол и од тој момент се обидовме да го свртиме мечот. Но, тогаш тие постигнаа втор гол и тоа беше тежок удар. На крајот почнавме да притискаме, но тоа не беше доволно. Мора да направиме и да прикажеме многу повеќе со оглед на квалитетот кој го имаме во тимот, но ние не заслуживме да се најдеме во наредната фаза бидејќи не бевме доволно добри, – порачува Лукаку.

Facebook Коментари