Поврзете се со нас

Европски првенства

Лукаку повторно остана без погодок, Белгија славеше во Келн и најави супер драма во групата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Белгија ја оправда улогата на фаворит и обезбеди победа над Романија од 2-0 во последната средба од денешната програма на Европското првенство.

„Црвените ѓаволи“ беа шокирани во првото коло и овој триумф им беше повеќе од потребен, триумф кој значи дека ќе имаме супер драмата во групата Е каде сите четири селекции во последната рунда ќе влезат со три бода.

Белгија ја доби вечерашната битка со погодоците на Тилеманс во 2 и на Де Брујне во 80 минута. Кога е во прашање ова соочување вреди да се напомене дека на Лукаку одново му беше поништен гол со помош на ВАР што за него е вкупно трети што е навистина чудна, необична ситуација.

Во завршната рунда избраниците на Тедеско ќе се соочат со Украина, додека Романија ќе игра со Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни