Поврзете се со нас

Италија

Лукаку постигна гол во 95. минута и предизвика хаос во Торино (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Големото полуфинално дерби меѓу Јувентус и Интер се чинеше дека ќе мине во најдобар ред до самиот крај, но тоа не излезе така поради случувањата во последните минути од судиското надополнување.

Во меч во кој долго мируваа мрежите, Хуан Квадрадо го отвори резултатот во 83-та минута и изгледаше дека тоа ќе биде клучен гол за победа на Јувентус, се до глупоста која ја направи Бремер.

Стоперот на Јувентус играше со рака и му подари пенал на Интер, а одговорноста ја презема Ромелу Лукаку. Напаѓачот на Интер биеше силно и прецизно и го измами Перин, а потоа со својата провокативна прослава предизвика хаос на теренот.

Белгискиот центарфор беше исклучен од судијата Маса, но тука не завршија тензиите и по последниот судиски свиреж видовме уште два црвени картони.

Хуан Квадардо и Самир Хандановиќ водеа пожестока вербална дискусија, но истата заврши со турканици и нивно исклучување. Ова значи дека тројцата нема да играат на реванш полуфиналето кое се игра во Милано, а на кое ќе се решава патникот во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни