Поврзете се со нас

Италија

Лукаку постигна гол со гради, Рома ја запечати победата со спектакуларна акција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо важи за тренер кој секогаш го црпи најдоброто од фудбалските ѕвезди со кои соработува, а последен добар пример за тоа е белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку.

Корпулентниот голгетер имаше сезона за заборав во Интер и нивото на самодоверба му беше на навистина ниско ниво, но новата сезона со Мурињо во Рома ја започна на извонреден начин.

Лукаку денеска стигна до седмиот гол на осмиот официјален натпревар како играч на Рома, со што само потврдува дека ќе биде убедливо најголемо засилување за „волчицата“.

По слабиот старт на колективно ниво, Рома беше под притисок да оствари победа на гостувањето во Калјари, но тоа го направи многу лесно и оствари триумф од убедливи 1:4.

Ауар го отвори резултатот по одличното додавање од Спинацола, Лукаку зголеми на 0:2 во следната акција откако погоди со гради, а стартот на вториот дел донесе уште два гола за гостите.

Белоти со мајсторија зголеми на 0:3, а во 58-та минута ја видовме најдобрата тимска акција, која со втор гол ја круниса Лукаку за убедливо водство од 0:4. До крајот на мечот, Калјари постигна почесен гол преку Нандез од белата точка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни