Поврзете се со нас

Англија

Лукаку откри зошто го напушти Интер и се врати во Челси

Објавено

на

Ромелу Лукаку во изминативе години го крена своето ниво на игра и дефинитивно дојде до категоријата на најдобри напаѓачи на светот.

Тој беше извонреден во дресот на Интер под водство на Антонио Конте и беше еден од најзаслужните што по подолго време „нероаѕурите“ го освоија Скудетото, меѓутоа без разлика на овој успех и фактот дека се му одеше под рака или подобро под нога тој се реши за промена и минатово лето од Милано се врати во премиерлигашот Челси.

Белгиецот сметаше е време да дојде дома и да покаже дека не случајно „сините“ своевремено му ја дадоа довербата и го промовираа на големата сцена уште како тинејџер со трансферот од Андерлехт. Секако на напаѓачот не му беше лесно да си замине од Интер, но говорејќи за причините за трансферот вреден 115 милиони евра тој смета дека едноставно сега било вистинско време за кам-бек на „Стемфорд Бриџ“.

-Знаев дека ќе се подобрам како играч, така што се работеше само за тајмингот. Имав две можности да се вратам, во 2016 и 2017 година, но тоа не се случи од различни причини. Се случи затоа што сега е вистинското време, вистинската возраст, тимот функционира добро и се има таму за да се биде успешен, -вели искрено Лукаку кој за Интер даде 64 голови на 95 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни