Лукаку откри како станал врвен голгетер благодарение на Мартинез: Ме тераше да гледам видеа од тројца напаѓачи

lukaku-prst

Ромелу Лукаку изминатава вечер го постигна единствениот гол во пријателскиот меч кој го одиграа Белгија и Јапонија во Бриж, а со истиот неверојатниот напаѓач на Манчестер Јунајтед стана најдобриот голгетер во историјата на белгискиот фудбал.

Лукаку стигна до бројката од 31 погодок на само 24-годишна возраст и на тој начин ги остави зад себе на вечната листа легендарните Белгијци Пол Ван Химст и Бернард Вурхоф, а за ваквиот свој учинок корпулентниот напаѓач смета дека голема заслуга има актуелниот селектор кој всушност му беше тренер и во Евертон.

Центарфорот на Манчестер Јунајтед смета дека станал многу подобар финишер благодарение на Роберто Мартинез од кого добивал препораки да гледа видеа од три напаѓачи за подобрување на ефикасноста.

– Роберто Мартинез ме тераше да гледам видеа од напаѓачи кои се смртоносни во шеснаесетникот. Морав да гледам видеа од Чичарито, Уго Санчез и Кавани за да ги подобрам моите движења и за да станам подобар голгетер, – открива Лукаку.

Facebook Коментари