Италија
Лукаку: Не знам зошто ова се случува…

Интер успеа да слави над Фиорентина со 2-1 и со тоа да обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Италија.
Голот за триумф го даде Ромелу Лукаку во самата завршница на второто продолжение, а со тоа закажа градска пресметка со Милан во следната фаза на ова натпреварување.
-Тој меч е во иднина, ова е сегашност. Среќни сме што денеска победивме против силен тим со одличен тренер. Победивме и тоа е важно за нашата самодоверба, мора вака да продолжиме, -истакна Лукаку кој не може да објасни зошто екипата не игра константно низ натпреварите, поточно има падови во играта.
-Не знам зошто се случува, но ние работиме на тоа и веќе разговаравме за тоа по натпреварот со Рома. Не треба да се случува, но ние сме млад тим, учиме од овие моменти и работиме напорно за да се подобриме, -дополни Белгиецот кој даде краток коментар за престојното дерби со Јувентус.
-Ќе биде многу тактички натпревар меѓу два тима кои прават одлични работи оваа сезона. Спремни сме и мора добро да се подготвиме за оваа игра, -заврши напаѓачот.

- НБАпред 23 часа
Јас сум Јокиќ, тој е Дончиќ: Никола се изнасмеа на новинарскиот лапсус (ВИДЕО)
- Англијапред 22 часа
Џерард за одлуката на Челси за Лампард: Нивната историја е позната, не сум изненаден
- Германијапред 21 час
Јовиќ се отвори: Не можев да разговарам со Зидан
- Шпанијапред 23 часа
Посебно издание: Пујол го претстави дресот кој Барселона ќе го носи на дербито против Реал (ВИДЕО)
- Англијапред 19 часа
Тухел стави потпис на договорот со Челси и веднаш излезе на терен: Првите зборови му ги посветувам на Лампард (Фото)
- Англијапред 20 часа
Ричардс со шампионски предлог до Гвардиола: Доведи го овој слободен агент и твоја е титулата во Премиер лигата!
- Светпред 18 часа
УЕФА потсетува: Фудбалската лекција која ја одржа Роналдо на најлошиот терен во Европа (Видео)
- Светски првенствапред 17 часа
Парондо им возврати на Словенците: Обвинуваат други, а сами не ги почитувале протоколите