Италија
Лукаку: Луѓето ќе бидат шокирани ако кажам што се случи

Ромелу Лукаку мина низ навистина специфична трансфер сага во летниот предеон рок во кој се поврзуваше со повеќе клубови за да на крајот заврши на „Олимпико“ во редовите на Рома.
Белгиецот ја заврши претходната сезона како член на Челси и Интер беше подготвен да го откупи неговиот договор, поточно се игзледаше дека тој ќе стане перманентен играч на актуелниот европски вицешампион.
Меѓутоа напаѓачот во исто време разговарашање, преговараше и со Јувентус, па откако Интер дозна за ова реши да се откаже од него. Вестите говореа дека Ромелу ги договорил личните услови со „бјанконерите“ и останува само тие да направат простор за него, поточно се ослободат од Душан Влаховиќ.
И ова сценарио не се реализираше, Ромелу исто така не сакаше да прифати понуда од Саудиска Арабија и се на крајот финишираше со преселба во Рома каде игра во добра форма и веќе редовно дава голови.
Околу целата драма Лукаку има што дака каже и порача дека луѓето би биле шокирани ако би ја знаеле вистината.
-Која беше најголемата глупост што ја прочитав? Дека наводно ми е кажано дека одам во одреден клуб, но немаше никаква смисла. Едноставно има многу аутсајдери кои сакаа да зборуваат во мое име. Објавени се многу срања. Повеќето од луѓето во собата ме познаваат. Ќе зборувам кога ќе дојде време, но ако навистина кажам што се случи минатото лето, сите ќе бидат шокирани. Имаше моменти кога можев да експлодирам. Пред пет години можеби и тоа ќе го направев, но сега не трошев енергија на тоа. Тоа беше момент да молчам и да се фокусирам на себе. Се концентрирав на она што можам добро да го правам: да играм фудбал, -истакна голгетерот кој сега има обврски со белгиската селекција.
-
Англијапред 16 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча