Италија
Лукаку ја повтори контроверзната прослава и во ЛШ: Тоа е тајна, ќе откријам што значи на крајот од сезоната (Видео)

Ромелу Лукаку забележа нестварни промашувања на последните два натпревари во Серија А, но и покрај тоа, вечерва презема голема одговорност и покажа дека има голема самодоверба.
Непосредно откако влезе во игра, Лукаку ја зема топката во свои раце и реши да го изведе пеналот кој го доби Интер, а потоа прецизно стрелаше и ја потврди големата победа од 0:2.
Со овој резултат на гостувањето во Бенфика, Интер со една нога е во полуфиналето во Лигата на шампионите, но на италијанските новинари големо внимание им предизвика и контроверзната прослава на Лукаку, поради која минатата седмица доби исклучување против Јувентус.
Белгиецот ја повтори истата прослава по голот за 0:2, но на новинарите не им открил какво значење има истата.
– Се обидувам да му помогнам на тимот и се обидувам да се вратам во форма. Прослвата? Тоа останува тајна за вас. Ќе ја откријам тајната на крајот од сезоната. Одигравме многу интелигентен меч и можевме да победиме со поголема разлика. 2:0 е добар резултат и сега мора да повториме вакви перформанси и во Серија А, – изјави Лукаку.
Romelu Lukaku scored an 82nd-minute penalty as Inter Milan put themselves in a strong position to advance to the semi-finals of the #UCL.
Report ⬇️ #BBCFootball
— BBC Sport (@BBCSport) April 11, 2023
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)