Лукаку издвои еден играч на Јунајтед кој ќе биде клучен да се намали разликата на Сити

lukaku2

Ромелу Лукаку признава дека Манчестер Јунајтед веќе не е во добра форма како што беше на почетокот на сезоната.

Сепак, белгискиот напаѓач е оптимист околу шансите на тимот на Жозе Мурињо да ја освои титулата во Премиер лигата и е убеден дека враќањето на Златан Ибрахимовиќ ќе му помогне на Јунајтед да го стигне Манчестер Сити.

Јунајтед во моментов заостанува осум бода зад лидерот Сити, но Лукаку верува дека со Ибрахимовиќ во тимот разликата брзо ќе биде намалена.

–  Добро е да имаш уште еден добар играч во тимот. Со враќањето на Ибрахимовиќ ќе ни биде полесно да го стигнеме Сити. Нема да им биде лесно на нашите противници – вели Лукаку.

Facebook Коментари