Поврзете се со нас

Италија

Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…

Објавено

на

Интер прокнижи уште една победа во Серија А, овојпат против Џенова на Горан Пандев која беше совладана на „Џузепе Меаца“ со 3-0.

Повторно во главна улог беше Ромелу Лукаку кој во првата минута го отвори резултатот, додека во вториот дел му асистираше на Дармијан за зголемување на водството.

-Се подобруваме, ние сме на врвот на табелата, убаво е чувството, но мора да продолжиме. Во минатата сезона доживеавме порази на овие мечеви и сакаме да се подобриме. Навистина сум среќен со победата. Сега мора да се фокусираме на Парма, нема да биде лесеннатпревар.

-Ние сакаме да им покажеме на противниците дека сме тука. Мора да се фокусираме на натпревар по натпревар. Тоа беше важен дуел по две победи во низа. Дадовме три гола, чиста мрежа, совршено. Јас секогаш сакам да се подобрувам, исто како и многу други играчи: Барела, Бастони, Шкриниар, Де Врај. Ние сме млади и имаме простор за подобрување. Сакаме да ги добиеме овие мечеви, добро е чувството, -рече Лукаку кој има еден гол помалку од Кристијано Роналдо на листата на стрелци во Калчото.

-Јас секогаш размислувам за победа. Јас сум во добар момент од мојата кариера, но Интер е единствената работа што е важна, -заврши Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни