Лукаку го постигна најчудниот гол во кариерата против Лудогорец (Видео)

lukaku-ludo

Интер пред крајот на првиот дел успеа да направи пресврт и ги врати работите на свое место на дуелот на „Џузепе Меаца“, а начинот на кој домаќините стигнаа до водство од 2:1 беше навистина бизарен и чуден.

Ромелу Лукаку го постигна најсмешниот гол во својата играчка кариера, бидејќи со огромна среќа успеа да ја затресе противничката мрежа која ја бранеше голманот Иванов. Чуварот на мрежата на Лудогорец немаше воопшто среќа, бидејќи неговата одбрана заврши во главата на Лукаку кој ни крив ни должен, се запиша во листата на стрелците.

Facebook Коментари