Поврзете се со нас

Свет

Лукаку го посочи најдобриот напаѓач во светот: Нема никакви споредби и никакви дилеми

Објавено

на

Ромелу Лукаку го освои првиот трофеј со Интер изминатиов викенд, и тоа не било кој и било каков, бидејќи тој како клучна алка во системот на Антонио Конте одигра важна улога во прокниженото Скудето.

Интер математички ја осигура титулата во Серија А на четири кола пред крајот и ја прекина неверојатната доминација на Јувентус во италијанскиот фудбал, но Лукаку истакна дека не планира да застане тука, односно нагласи дека негова следна голема цел е Европското првенство.

Во последното видео вклучување кое го имаше за белгиската телевизија „RTBF“, Ромелу говореше за очекувањата кои ги има од својот соиграч и капитен во репрезентацијата Еден Азар, но го избра и најдобриот напаѓач на денешницата.

– Најдобар напаѓач во светот? За мене тоа е Карим Бензема, без никакви дилеми. Не може никој да се споредува со него, – кратко изјави Ромелу.

– Околу Еден најважно е тоа што сега ментално е добро. Би требало да игра против Челси и се надевам дека до крајот може да ги освои најважните титули со Реал. Така ќе го имаме максимално подготвен за Европското првенство. Ќе има огромна разлика ако сметаме на него во најдобро издание, – додава Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни