Поврзете се со нас

Италија

Лукаку го објасни својот однос со тренерите: Тоа е како врска со девојка, кога не оди добро……

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Ромелу Лукаку имаше добра сезона во Рома и повторно заличи на фудбалерот кој блескаше под водство на Антонио Конте, но многу веројатно е дека Белгиецот ќе има ново неизвесно лето.

Пред Лукаку е Европското првенство и главен фокус ќе му биде да има добар настап со репрезентацијата, но бидејќи се уште е во сопственост на Челси, повеќе од јасно е дека ќе мора да разгледува и опции на трансфер пазарот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лукаку може да биде замена за Осимен во Наполи, а тоа е уште поверојатно откако Конте и официјално седна на клупата на шампионот од 2023-та година.

– Само јас во мојата глава имам замисла за мојата иднина. Знам што ќе правам. Многумина може да зборруваат, можеби мислат дека е конфузно бидејќи немам официјален агент. Јас сум тој што одлучува, имам максимална контрола на ситуацијата.

– Ќе направам избор и потоа ќе го објаснам, а потоа сите ќе се согласат со мене. Секогаш ја носам вистинската одлука за мојата иднина. Мојот однос со тренерите? Тоа е исто како да имате врска со девојка, кога не оди добро и не функционира повеќее, најдобро е да се разделите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни