Поврзете се со нас

Англија

Лукаку долови кое е неговото вистинско мислење за Солскјер и напредокот на Јунајтед

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер беше човекот кој процени дека Ромелу Лукаку не може брзо да се адаптира во стилот на игра кој тој го применува, но исто така, немаше намера да го задржува фудбалерот кој пројави желба да ја промени средината во ситуацијата кога играше доста лоша сезона на „Олд Трафорд“.

Ако се суди според неговата форма во Интер, Белгиецот направи одличен потег со преминот во Италија каде во овој момент е убедливо најопасен центарфор во Серија А, но и покрај тоа што не се раздели со Солскјер на најдобар можен начин, Ромелу тврди дека ужива во напредокот на Јунајтед.

Манчестер бележи прогрес оваа натпреварувачка сезона која е трета за Оле како менаџер на тимот од театарот на соништата, а Лукаку тврди дека му посакува се најдобро на својот поранешен менаџер и поранешен клуб во разговорот кој го имаше со фановите на Твитер.

– Солскјер врши одлична работа во Јунајтед, му оди добро. Момци, мора да знаете дека јас го сакам како менаџер и како личност, му посакувам се најдобро во Јунајтед, – вели Лукаку, кој го испофали и Рашфорд.

– Рашфрод напредува постојано, кај него има нагорна линија. Уживав да играм со него, тој сигурно е еден од најталентираните со кои имам играно во кариерата, – додава Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни