Лига на шампиони
Лукаку беше херој на Интер, но и лидер на теренот: Белгиецот откри зошто бесно му викаше на својот соиграч

Ромелу Лукаку беше херој во победата на Интер на гостувањето во Германија кое на крајот се покажа како доста среќно за „нераѕурите“, бидејќи во самата завршница му беше поништен гол на Менхегладбах за 3:3.
Во првото полувреме резултатот беше 1:1 со головите на Дармијан и Плеа, по што на сцена стапи фантастичниот белгиски напаѓач кој со два гола го доведе Интер во предност од 1:3, која сепак со доста маки се покажа како доволно добра за победа.
Интер на овој начин ги задржа математичките шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, до кое ќе стигне само ако го победи Шахтјор во последното коло, но и ако Реал Мадрид ја победи Борусија Менхегладбах на домашен терен.
– Требаше да го „убиеме“ противникот на 1:3. Имавме два гола предност, а на крајот имавме голема среќа бидејќи ВАР го поништи нивниот гол за израмнување. Сепак, нема простор за негативна атмосфера, ние сме тим со многу млади играчи и можеме само да се подобруваме. Многу сум среќен во Интер, ги имам најдобрите 18 месеци во мојата кариера и благодарен сум им на сите, – изјави Лукаку кој во првото полувреме беше бесен на својот соиграч Барела кој доцнеше со едно проигрување во противничката половина.
– Вистина е, бев малку лут бидејќи јас и Лаутаро можевме да истрчаме во ситуација два на два. Во првите 40 минути напаѓавме многу добро, требаше да преземеме ризици кои не ги преземавме во даден момент, – призна Лукаку.

- Германијапред 13 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 12 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 14 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 10 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме