Свет
Лукаку: Атмосферата беше токсична, сакав…

Ромелу Лукаку се уште е еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња, играч кој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 86 погодоци, па иако ја „раситни триесетката“ тој се уште е меѓу најзначајните фудбалери во репрезентацијата која е една од нашите ривали во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Меѓутоа Белгија веќе некое време паѓа, веќе ја нема таа сила на „златната генерација“, а и под знак прашање се какви се односите меѓу играчи, а за тоа потврда е најновиот случај со голманите Куртоа и Кастелс.
Токму Лукаку се отвори и призна атмосферата во тимот не била најдобра говорејќи за претходното Европско првенство по кое самиот тој размислувал да се повлече, пензионира од репрезентацијата.
-Размислував да се повлечам по ЕП и поразот од Франција. Бев многу фрустриран и му кажав на Јан Вертонген дека тоа повеќе не го чувствувам. Многу работи се случија за брзо време. Но, не можев да ја напуштам мојата земја.
-За време на турнирите, целосно се фокусирам на тимот. После тешко беше да се свари еЕП. Атмосферата беше доста токсична, а резултатите ги немаше. Не реагирам добро на пораз, но тоа отсекогаш била и моја сила. Можеби треба да се отворам уште малку, -порача напаѓачот на Наполи.
-
Шпанија10 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА22 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони23 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Италија23 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Македонија16 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Англија20 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони17 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Македонија21 час
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар