Лукајиќ: Играчите мора да покажат повеќе срце во одбраната

lukajic

Македонскиот шампион МЗТ Скопје не доби шанса за никаков поволен резултат на гостувањето кај Задар во АБА лигата, па тренерот Жељко Лукајиќ сосема очекувано спортски му ја честиташе победата на противникот и посочи што неговите избраниците треба да поправат и покажат во иднина.

-Честитки до Задар за победата и одличните резултати во оваа сезона. Тоа го заработија спортски и со своето однесување на теренот. Сите на теренот дадоа свој придонес. Ние имаме свои проблеми, имавме големи промени во составот и некои повреди, ама треба да бидеме реални и да кажаме дека во моментов Задар е подобра екипа од нас. Нема да се предадеме, сега по мене најважно е да се свртиме кон македонското првенство и да пробаме да го поправиме впечатокот. Знам дека моите играчи знаат да играат, ама мора физички да се кренат, да покажат повеќе срце во одбраната. Драго ми е што атмосферата во Задар е права кошаркарска на која со години сме навикнати, -истакна Лукајиќ.

Facebook Коментари