Поврзете се со нас

Свет

Лука Зидан за иднината на својот татко: Тешко дека ќе заврши таму……

Објавено

на

Foto:instagram.com/zidane

Зинедин Зидан веќе долго време апстинира од клупскиот фудбал и последен негов ангажман беше оној во Реал Мадрид до 2021-ва година, па многумина се запрашуваат кога Зизу ќе се врати на работата која му донесе голема слава.

Зидан беше прв кандидат за наследник на Дидие Дешамп пред почетокот на Светското првенство во Катар, но откако договорот му беше продолжен на актуелниот селектор, стана јасно дека легендарниот играч за врска ќе мора да почека нова шанса за селекцијата, а и да слуша понуди од други клубови.

Оттогаш помина една година и Зизу се уште е без ангажман, но неговиот син Лука е прилично убеден дека Зинедин нема лесно да заврши во клубот со кој се поврзуваше неколку пати.

ПСЖ потајно се надева дека еден ден ќе го добие Зидан како тренер на првиот тим, меѓутоа Лука не верува во вакво сценарио, особено поради врската која ја има неговиот татко со Марсеј, градот во кој е роден.

– Сите знаеме дека не е табу тема да се зборува за мојот татко и Марсеј. Сепак, не треба да се прави притисок и да се пренагласува такво сценарио, тој ќе си донесе своја одлука во свое време.

– Што и да одлучи за следниот чекор, ние ќе го поддржиме и ќе бидеме среќни. Сепак, јас сметам дека тешко би завршил во ПСЖ, тоа би било многу комплицирано, – вели Лука кој моментално е голман на Еибар, а во минатото беше член на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни