Поврзете се со нас

Италија

Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…

Објавено

на

Foto:instagram.com/luca_toni.9

Јувентус направи промени во екипата во зимскиот преоден рок, некои играчи си заминаа, некои пристигнаа, а меѓу нив и напаѓачот Рандал Коло Муани.

Французинот даде три гола на првите два натпревари за „бјанконерите“ и со тоа најави дека ќе биде одлично засилување за калчолигашот. Меѓутоа според легендарниот Лука Тони ова не е добар знак за „старата дама“.

-Влијанието на Коло Муани врз Јувентус ме импресионираше. Пристигнувањето во јануари и експресното влијание не треба да се зема здраво за готово. Коло Муани прави разлика. Но ако најзначајното засилување за „бјанконерите“ е договор за позајмица, тоа не е одличен знак. Подобро би било тоа да биде едно од засилувањата кои Јувентус ги купи за милиони летото. Тој е напаѓач со доста уникатни движења. Тој има нешто како Осимен, но не е толку безмилосен како поранешната ѕвезда на Наполи во шеснаесетникот, -вели Тони кој смета дека Влаховиќ може да игра заедно со зимското засилување.

-Коло Муани постигна три гола на два меча со Јувентус, но никогаш не бил особено голгетерски расположен освен неговата сезона во Ајнтрахт Франкфурт. Мислам дека Коло Муани и Влаховиќ можат да започнат заедно, особено дома и против одредени тимови, со Французинот да игра пошироко, како што направи на крајот од натпреварот против Емполи или во напаѓачка формација 4-2-4, -истакна Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни