Поврзете се со нас

Балкан

Лука Станковски ќе засили српски прволигаш

Објавено

на

Foto:instagram.com/ndgorica

Македонскиот интернационалец Лука Станковски повторно ќе настапува во нова средина, а во веќе започнатата сезона ќе го носи дресот на српскиот прволигаш Раднички 1923.

22-годишниот фудбалер се уште е под договор со турски Газиантеп, но по заемите во редовите на Горица и Тузласпор, сега ќе биде најблиску до татковината и ќе настапува во составот од Крагујевац.

Станковски ќе им се приклучи на новите соиграчи наредните денови, а Раднички денеска има гостување кај Младост во српското првенство.

По шест одиграни натпревари, екипата од Крагујевац има 7 освоени бодови и се наоѓа на средината на табелата во најквалитетното првенство кај нашиот северен сосед.

Станковски има настапувано за Вардар и Работнички, а од редовите на „романтичарите“ го реализираше и првиот интернационален трансфер во Турција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни