Поврзете се со нас

Шпанија

Лука шоу во Мадрид: Модриќ му продаде тунел на Белингам, па му порача да си „сошие мрежичка“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид вчера го одработи последниот тренинг во Валдебебас пред денешниот натпревар на „Месталја“, дерби со кое ќе биде отворени возбудувањата во шпанската Ла Лига во 2025-та година.

Станува збор за одложен натпревар кој не се одигра во ноември поради катастрофата која ја предизвика бурата Дана, па така актерите мораа да чекаат два месеци пред Ла Лига да пронајде простор за одигрување на заостанатиот меч.

Реал Мадрид влегува како апсолутен фаворит против грогираната Валенсија која се бори за опстанок, а во овој момент, атмосферата во шпанската престолнина е на завидно ниво, за што доказ е и едно видео од последниот тренинг.

Лука Модриќ често знае да се погрижи за мајстории во свој карактеристичен стил, па овојпат негова жртва беше Џуд Белингам.

Маестро Лука му продаде „тунел“ на Англичанецот за време на тренинг вежбата, а покрај тоа што ги воодушеви останатите соиграчи, со своите гестикулации му порача на Џуд да си „сошие мрежички“….

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни