Поврзете се со нас

НБА

Лука се врати од повреда и приреди НБА шоу: Постигна 53 поени и славеше пред противничката клупа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ брзо ја санираше повредата на скочниот зглоб и се врати на терените по еден меч пауза, а краткиот одмор очигледно одлично му дојде на Словенцеот кој утрово едноставно експлодираше на теренот.

Маестро Лука беше незадржлив против Детроит Пистонс и постигна 53 поени со 70 проценти успешен шут (17 од 24), но покажа и едно свое лице откако Далас ја потврди победата.

Дончиќ речиси цел меч имаше расправии и дофрлања со играчи и членови на противничката клупа, па откако стана јасно дека Мавериски ќе слават со 111:105, Лука не пропушти да им фаќа сеир.

Словенецот не криеше дека зборовите биле наменети за противниците и во интервјуто по крајот на натпреварот.

– Ако тие ми свиркаат и провоцираат, и јас ќе го правам истото. Не сум исплашен, – порача Дончиќ.

НБА резултати:
Филаделфија – Орландо 109:119
Бруклин – Лос Анđелес Лејкерс 121:104
Минесота – Сакраменто 111:118
Оклахома – Голден Стејт 120:128
Сан Антонио – Вашингтон 106:127
Далас – Детроит 111:105
Финикс – Торонто 114:106
Портланд – Атланта 129:125

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни