Поврзете се со нас

Шпанија

Лука Модриќ со два потези ги освои срцата во Мадрид: Ќе му помага на еден играч да се наметне во клубот и…

Објавено

на

Хрватскиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги освои симпатиите на фановите на овој клуб со последните потези кои ги повлече.

Имено, Модриќ кој влезе во својата последна година од договорот со Реал Мадрид се одлучил да се откаже од значителен дел од платата со цел да му помогне на клубот полесно да ја преброди кризата предизвикана од коронавирусот.

Модриќ во моментов заработува околу 11 милиони евра годишно, а се уште не е познато од колкав дел од платата своеволно се откажал за да му помогне на клубот.

Од друга страна, како што пренесуваат шпанските медиуми, Модриќ добил задача во клубот да го вметне Мартин Одегард.

Вчера беше објавено дека Зинедин Зидан ќе му даде шанса на Одегард во првиот тим на Реал  Мадрид и нема да го праќа на позајмица, а од Модриќ било побарано тој да биде главната алка во неговото полесно прилагодување на стилот на игра на „кралскиот клуб“.

Модриќ се согласил да му помогне на младиот фудбалер од Норвешка и со ваквиот потег ги освои симпатиите на сите лица поврзани со Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни