Поврзете се со нас

Шпанија

Лука Модриќ е слободен играч

Објавено

на

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и официјално е слободен играч.

Како што пренесува шпанска Марка, Лука Модриќ во моментов е без клупски ангажман.

Неговиот договор со Реал Мадрид истекуваше на 30 јуни и оттогаш тој чека да потпише нов. Се било договорено за потписот да дојде, но работата се одолговлекува, па се шпекулира дека би можело се да пропадне.

Модриќ не сака да оди во САД или Саудиска Арабија, негова желба е Реал Мадрид и не го интересира друга опција, пренесува Марка.

Неговата бруто плата е 21,8 милиони евра (а во Шпанија данокот е скоро 50%) и се очекува Модриќ да остане во Мадрид и да биде резерва со оглед на тоа што има 38 години, а притоа нема намера да се пензионира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни