Поврзете се со нас

Европски првенства

Лук Шо со скршени ребра го одиграл Европското првенство

Објавено

на

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, и англаски репрезентативец, Лук Шо повреден ги играл натпреварите на Европското првенство.

Левиот бек имал скршени ребра, но и покрај тоа стегнал заби и ги одиграл натпреварите на кои беше меѓу најдобрите, ако не и најдобар поединец на Англија.

Шо првенството го заврши со три асистенции и еден гол кој го постигна во финалето од Европското првенство против Италија.

Играчот на “гордиот албион” беше сместен и во најдобрите тимови кои беа составувани од играчите кои најмногу се покажаа на неодамна завршениот еврошампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни