Поврзете се со нас

Англија

Лук Шо постави две нови реални цели за Јунајтед до крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед влезе со големи амбиции во новата сезона и планот беше еда се подобри резултатот од првата под водство на Ерик Тен Хаг, но на половина пат стана јасно дека „ѓаволите“ нема да направат такво нешто.

Јунајтед е доста понеконстантен оваа натпреварувачка кампања и ќе има сериозен проблем да обезбеди топ четири пласман во Премиер лигата, а од друга страна доживеа огромно разочарување и беше елиминиран уште во групната фаза во Лигата на шампионите.

Во оваа фаза од сезоната, јасно е дека Јунајтед нема никакви шанси да се бори за титулата во Премиер лигата, па затоа Лук Шо ги преформулира целите на тимот до крајот на месец мај.

– Сметам дека создадовме добра група тука, особено кога сите играчи се здрави. Мора да се фокусираме на она што ни преостана, мора да оствариме некој успех. Освојувањето на ФА Купот и влез во Лигата на шампионите се нашите две цели до крајот на сезоната.

– На стартот на сезоната, амбициите беа сосема други, сакавме да се бориме за Премиер лигата и Лигата на шампионите, но сега реалноста е друга. За овој клуб е многу важно да биде дел од Лигата на шампионите, а во игра сме и за ФА Купот. Тоа мора да бидат нашите најважни цели д окрајот на сезоната, – изјави левиот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни