Англија
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал

Оле Гунар Солскјер директно се пожали за недосудениот пенал во корист на Манчестер Јунајтед и посочи дека неговиот тим бил оштетен во дербито со Челси, јасно критикувајќи ја одлуката на главниот судија и оние во ВАР собата по евидентното играње со рака на Хадсон Одои.
Офанзивниот играч на Челси ја удри топката со својата рака која беше во неприродна позиција и се чинеше дека Јунајтед сигурно ќе добие пенал, но иако арбитарот Стјуарт Атвел ја гледаше повторената снимка на мониторот, на крајот процени дека нема доволно елементи за најстрога казна.
– Во тој момент, видов дека некој ја удри топката со рака, но бев сигурен дали е Гринвуд или Хадсон. Јас продолжив со игра, не знаев дека ќе има преглед. Не знам зошто ја прекинаа играта ако на крајот немаше пенал.
– Ако не е пенал, зошто тогаш се прекинува играта и се проверува? Судијата дури му порача на Хари Мегваер дека ако досуди пенал за ваква ситуација, ќе предизвика многу реакции во јавноста.
– Мегваер ни порача дека од ВАР процениле дека е пенал, нависитна не знам што одлучи судијата Атвел. Мене ми е нелогично, но нема да се бунам и да плачам за ова. Ќе бидам реален и ќе кажам дека ниту еден тим не направи доволно за да победи, – изјави левиот бек на Јунајтед.
За разлика од левиот бек, Солскјер беше убеден дека таа ситуација треба да биде казнета со пенал, па дури и му објаснуваше на помошникот како топката удри во раката на Одои.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)