Шпанија
Луис Суарез: Ако Меси вели „да“ за Лаутаро, тоа значи…
Легендата на шпанскиот и италијанскиот фудбал, Луис Суарез Мирамонтес даде свој коментар за Лаутаро Мартинез кој е трансфер цел на неговиот поранешен клуб Барселона.
Клубот од „Камп Ноу“ се обидува да го донесе Мартинез во своите редови, поточно да достави понуда доволно добро за да може со Интер за да си подаде рака. Сепак засега нема ништо официјално на оваа тема, има многу шпекулации со тоа што мора да се каже дека Лионел Меси едноставно даде зелено светло за овој трансфер со последните коментари, комплименти за неговиот сонародник.
Меси за можното засилување за Барселона: Лаутаро е импресивен и комплетен напаѓач
Ова за Луис Суарез е доволен доказ дека Лаутаро може да игра во Барселона и добро да соработува со капитенот Меси.
-Меси добро го познава Лаутаро затоа што игра за репрезентацијата на Аргентина. Ако тој вели „ДА“, тоа значи дека му е пријатно со Мартинез, исто како што му е удобно со Суарез. Не знам многу за Лаутаро, затоа што сум го видел само на неколку натпревари во Интер, но тие зборуваат многу високо за него.
-Знам дека тој беше многу добар во минатата лигашка сезона, тој даваше голови. Тој е многу интересен играч ако толку многу екипи го сакаат, -истакна Луис Суарез кој е единствениот Шпанец кој ја има освено „Златната топка“.
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него