Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Скели по испишаната историја со Англија: Овој ден никогаш нема да го заборавам

Објавено

на

foto: x.com/England

Англија ја оправда улогата на фаворит и славеше над Албанија со 2-0 на стартот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Ова беше дуел во кој беше испишана нова страница во историјата на англискиот фудбал, а за тоа се погрижи Мајлс Луис Скели. Членот на премиерлигашот Арсенал стана стана најмлад играч кој успеал да погоди на своето деби во англиската селекција, момент кој дефинитивно ќе го памети во оваа сезона која навистина е специјална за него затоа што се пробива на големата сцена како на клупски така и на репрезентативен план.

-Останав без зборови. Изминативе шест месеци поминаа толку брзо. Останувам во сегашноста и секој момент го земам како што доаѓа. [За голот], се што се сеќавам е да останам широко и да ротирам со Маркус Рашфорд. Тоа беше одлично додавање од него (Белингем) и тајмингот беше многу добар. Завршницата, голманот доаѓаше кон мене, а јас се обидов да ја шутнам топката меѓу нозете. Не ни помислував дека ќе постигнам гол.

-Дознав утрото на состанокот и кога го видов моето име срцето почна да ми чука – бев толку возбуден. Толку многу пораки пред натпреварот. Сите тие се тука вечерва и тоа им значи светот. Искрено, ова е неверојатно – ова е ден кој никогаш нема да го заборавам, -порача Луис Скели.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни