Луис искрено и отворено: Јас ја имам улогата на „касап“, само така можете да го запрете Меси

lionel-messi-filipe-luis

Овој викенд во Мадрид се игра дербито меѓу Атлетико и Барселона, дуел пред кој интересна изјава даде дефанзивецот на „колчонеросите“ Филипе Луис поврзана со Лионел Меси.

Двајцата низ изминативе години имаа доста дуели, добро се познаваат, па Луис посочи кој е единствениот начин за да се запреме ѕвездата на каталонците.

-Јас сум секогаш во улога на „касап“. Ама единствениот начин да го запрете Меси е да го фаулирате, инаку ако сум сам ќе ја земам топката еднаш во 20 обиди. Мора да употребувам други оружја. Го знам најдобриот начин за да го запрам. Знам дека не сака да игра со грбот кон голот, мора да бидете до него кога ќе ја прими топката. Ако се чувствува конфорно, вие сте мртви. Мислам дека добро си ја вршам работата против него, иако секогаш дава гол против нас. Иако јас сум лошото момче, никогаш не ме навредува и се ракува со мене по натпреварите, -вели Луис.

Facebook Коментари