Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за ремек-делото на Дембеле: Нема подобар во светот кога е еден квалитет во прашање (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Усман Дембеле имаше неколку добри партии за ПСЖ од стартот на сезоната, но медиумите многу му забележуваа поради тоа што не успеа да направи разлика пред противничкиот гол.

Тоа се промени вчеравечер на „Паркот на принцовите“, каде Усман беше убедливо најдобар играч на теренот, а МВП партија ја зачини и со спектакуларен гол, прв за него во дресот на ПСЖ.

Дембеле ја прими топката со пета, си даде фор и успеа да стигне навреме за да испрати „бомба“ со својата десна нога, ремек-дело кое не го остави рамнодушен и Луис Енрике.

Тренерот на ПСЖ постојнао му даваше поддршка од стартот на сезоната, а сега вели дека нема подобар играч во светот кога е во прашање вадењето од рамнотежа на противнички играчи.

– Тоа што го видовме при голот е 100 проценти Дембеле. Прием со надворешна, брза акција, добра контрола и силен шут над голманот. Ова е толку добра вест за него и награда за се добро што правеше досега. За мене нема подобар од него во еден сегмен. Тој е најдобриот за вадење од рамнотежа на противничките одбрани и задоволство е да се има таков играч во тимот, – изјави Лучо по дерби победата над Монако од 5:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни