Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за новиот „крал“ во ПСЖ: Денеска го правите Бог, до вчера го праќавте по ѓаволите

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ остана без Килијан МБапе и тоа автоматски донесе големо реструктуирање во редовите на францускиот првак, бидејќи до оваа сезона, цела игра на „светците“ се базираше врз најголемата ѕвезда која се пресели во Реал Мадрид.

Луис Енрике мораше да поставува нови темели и сега бара поголема одговорност од повеќе играчи, но ако треба да се извлече заклучок во раната фаза на сезоната, Бредли Баркола изгледа како играч кој и тоа како добро го менува Мбапе на левата крилна позиција.

Баркола е најдобар стрелец во Лига 1 со шест гола по шест одиграни кола, а вчерашните два против Рен беа доволни за победа од 3:1.

По извонредното издание, францускиот репрезентативец беше наречен нов „крал“ на „Паркот на принцовите“, а тоа го натера Лучо да подготви одговор во свој стил за новинарите.

– Кога зборуваме за млади играчи како Бредли, не можеме да очекуваме да бидат добри секоја недела. Темпото во кое играме е многу напорно и на фудбалерите не им е воопшто лесно. Денеска го правите Бог, а до вчера го праќавте по ѓаволите. Ве молам да го подигнете малку нивото за правилно известување, – изјави Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни