Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за новата ѕвезда на ПСЖ: Никогаш не сум видел поинтелигентен играч

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике полека почна да ги реди коцките во ПСЖ и актуелниот тим на „светците“ полека почна да го добива ликот на шпанскиот стручњак, кој мора да се признае дека имаше доста променлив старт на авантурата во Франција.

Во последно време, тренерот на ПСЖ е главно преокупиран со одговарање на прашања поврзани за Килијан Мбапе, но засега гледа да се дистанцира од целата тема и се насочи кон останатите играчи кои можат во иднина да бидат клучни за тимот од француската престолнина.

Како што стојат работите, Мбапе си заминува од Париз претстојново лето, но Луис Енрике верува дека фановите не треба да бидат премногу загрижени во ситуација кога има таленти како Заир Емери.

– Никогаш не сум видел толку интелигентен фудбалер како Емери. За мене неверојатно е да зборувам за него. Тој прикажа многу повеќе од она што го очекував од така младо момче.

– Тој има капацитет да одигра во функција за своите соиграчи, се адаптира на секоја ситуација и на секоја позиција. Никогаш не сум видел толку интелигентен фудбалер, играч кој разбира и се адаптира на потребите на своите играчи на теренот. Тој гледа работи кои никој не ги гледа и затоа е фантастичен. Тој е клучен играч за нас, – вели Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни