Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за неверојатната ѕвезда во својот тим: Прашајте го што јадел за Божиќ, игра како на плејстејшн!

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Усман Дембеле постигна 18 голови на последните 11 натпревари за ПСЖ и се претвори во играч кој е во најдобра форма во Европа, статистика од која останува вчудоневиден и неговиот тренер.

Луис Енрике не го крие воодушевувањето од нивото кое го нуди неговата „десетка“ во последно време, па запрашан да го коментира неговиот последен настап против Брест, популарниот Лучо даде навистина интересен одговор.

Французинот постигна два гола во победата од 0:3 над Брест во Лигата на шампиони, а тоа беше четврти меч во низа на кои постигна два, или повеќе голови.

– Ваша работа е да одите и да го прашате што јадел за Божиќ. Во моментов изгледа како играч чија самодоверба е голема од тука до небото.

– Игра како да е фудбалер од плејстејшн. Кога бев помлад и кога играв плејстејш, биравте играч како него за да го промени мечот. Тој беше добар за нас и минатата сезона, но од стартот на 2025-та година е уште подобар. Може слободно да се заклучи дека соиграчите го бараат постојано на теренот, – изјави Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни