Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за хорор лузната на Италијанецот: Тешко е да се гледа што му се случи на Донарума (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Монако и ПСЖ одиграа возбудлив натпревар со шест гола во кнежевството, но покрај голеадата која беше понудена на „Луј Втори“, во раната фаза на дербито видовме и еден непријатен инцидент кој заврши со хорор повреда за Донарума.

Италијанскиот чувар на мрежата доби копачка во лице од Синго и заработи ужасна расекотина, по што веднаш беше приморан да добие лекарска интервенција и да го напушти теренот.

Луис Енрике веднаш реагираше и на место на Донарума во игра го стави Сафонов, па иако тој прими два гола, ПСЖ на крајот славеше со 2:4.

По важната победа за неговиот тим, Лучо застана во одбрана на главниот судија кој реши да му покаже само жолт картон на Синго, иако признава дека повредата која ја заработил Џиџио е тешка за гледање.

– Кога има такви директни судири во фудбалот, навистина е непријатно да се гледа епилогот. Но, сметам дека судијата постапи коректно, немаше намера од противникот. Фудбалот е контактен спорт, иако мора да се нагласи дека беше тешко да се гледа што му се случи на Донарума, – изјави Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни