Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике воопшто не бил свесен што се случува: Ако го дознаев тоа, ќе добиев инфаркт

Објавено

на

Последното коло во групата Е донесе неверојатна драма на Светското првенство во Катар, бидејќи на 20 минути пред крајот на двата меча, апсолутните фаворити беа надвор од осминафиналето.

Шпанија ја загуби предноста од 1:0 на стартот на вториот дел со двата гола на Јапонија, додека Германија во 70-та минута прими втор гол од Костарика и во тој момент двата поранешни светски шампиони беа надвор од нокаут фазата.

На крајот, Шпанија ќе игра во осминафиналето само поради чесната игра на Германците кои постигнаа два три гола и победија со 4:2, но тие не дочекаа таква услуга од спротивната страна и си ги спакуваа куферите за дома.

„Панцирите“ на второ Светско првенство по ред испаѓаат уште во групната фаза, а Луис Енрике им откри на новинарите дека воопшто не бил свесен дека Шпанија испаѓа во еден момент од мечот.

– Во фудбалот нема добри и лоши страни. Во фудбалот има само заслуги и не сум задоволен од тоа што го одигравме. Саквме да бидеме први и да победиме, но не го направивме тоа. Јапонија не надигра. Почнавме добро, постигнавме и не страдавме, а иако се договоривме дека Јапонија ќе биде опасна во вториот дел, примивме два гола. Доживеавме колапс и воопшто не сум задоволен. Ако требаше да ни даде уште два гола, Јапонија ќе ни дадеше уште два.

– Бевме елиминирани во еден момент? Воопшто не го знаев тоа, бев концентриран само на нашиот натпревар. Не калкулирав, ако го дознаев тоа, ќе добиев инфаркт….

– Ова е емотивен шок за нас и мора да се опоравиме. Во осминафиналето ќе играме против најголемото изненадување на мундијалот. Мароко покажа што може, остануваат најдобрите 16 тимови во светот и мора да бидеме многу подобри од ова, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни