Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике во неверица по поразот од Ливерпул: Фудбалот е чудесен и неправеден!

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ по сите фудбалски параметри заслужи да даде неколку голови во мрежата на Ливерпул, но наместо да го направи тоа, францускиот првак на крајот претрпе тежок и болен пораз од 0:1.

Харви Елиот се покажа како неверојатен „џокер“ и успеа да го круниса со гол првиот допир со топката, а со самото тоа направи вонсериската партија на Алисон Бекер да добие уште поголемо значење.

Голманот на Ливерпул правеше чуда на „Паркот на принцовите“ и ги доведе до лудило играчите на ПСЖ, па и самиот тој по крајот на мечот призна дека го имал најдобриот настап во кариерата.

Луис Енрике како тренер на „светците“ остана во неверица од сето она што го доживеа крај теренот, но и покрај поразот кој тешко е да се прифати, најави дека ПСЖ ќе оди на победа на „Енфилд Роуд“.

– Ова е многу неправедно за нас. Ова беше најкомплетниот натпревар кој го одигравме во Лигата на шампионите откако јас сум тренер на тимот. Тие шутнаа само еднаш на голот и успеаја да погодат. Кога ќе видите дека најдобар играч им е Алисон, тогаш се е јасно…..

– Фудбалот е чуден и неправеден спорт, а јас морам да бидам горд на моите играчи, на мојот тим и на навивачите. Без оглед на се, подготвени сме за тоа што следи, ќе одиме на победа во Ливерпул. Немаме што да загубиме, во иста ситуација бевме и лани во четвртфиналето. Загубивме дома, но сега ќе одиме во Ливерпул со цел да прикажеме уште подобра слика и да бидеме храбри во тоа што го правиме. Знаеме дека нема да биде лесно да го редуцираме Ливерпул на толку мал број шанси, но навистина немаме што да загубиме. Мислам дека тоа не прави уште поопасни за реваншот, – изјави Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни