Европски првенства
Луис Енрике употребил специјален „фластер“ за Модриќ: Тој е единствениот кој не сакам да игра! (Видео)

Шпанија и Хрватска го одиграа убедливо највозбудливиот натпревар на Европското првенство кое на крајот го освои Италија, бидејќи нокаут фазата ја стартуваа со сензационален дуел во кој видовме дури осум гола.
За да се добие победникот и патникот во наредната рунда, мораа да се играат продолженија, а во истите подобри беа Шпанците откако претходно натпреварот заврши 3:3 во регуларниот дел.
„Фуријата“ со двата гола и триумфот од 5:3 се пласираше во четвртфиналето на турнирот на кој ја победи и Швајцарија на пенали, пред да загуби од Италија во полуфиналната пресметка.
По повод фантастичниот турнир камерите на „Амазон прајм“ имале посебна дозвола за снимање на филм за Европското првенство и сега истиот се објавува во Шпанија во неколку дела, а денеска беше објавено видеото од подготовката за мечот со Хрватите.
Луис Енрике како селектор на Шпанците побарал на мечот да не игра Лука Модриќ, односно го задолжил Педри да игра „фластер“ на него, односно постојано да го следи играчот на Реал на теренот и да не го остави да дише.
– Овој играч тука се вика Модриќ. Ова што го кажувам е за Педри: денеска Модриќ нема да игра фудбал, да му дозволиме најмногу два допири со топката едно по друго. Тој е единствениот играч кој не сакам да игра денеска. Ова ќе биде тимски меч, ви посакувам многу среќа, уживајте во мечот, – им порачал Луис Енрике на своите фудбалери.
-
Англијапред 18 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 19 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 20 часа
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Англијапред 24 часа
Ново видео од тунелот на „Олд Трафорд“ го става Мегваер во неповолна ситуација: Кој ни е капитен….. (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Италијапред 23 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 22 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Шпанијапред 5 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години