Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике убеден во победа над Барселона: Не ми е гајле како ќе ме пречека публиката

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ не ја искористи предноста од домашен терен и загуби од Барселона со 2:3, па сега „светците“ ќе мора да бркаат негатива на „Монжуик“ и да бараат победа од два гола за пласман во полуфиналето.

Веднаш по поразот на „Паркот на принцовите“, Луис Енрике нагласи дека неговиот тим ќе направи пресврт во Барселона, а попуаларниот Лучо се држеше до истиот став и на денешниот прес.

– Овој втор натпревар за нас малку е поинаков, бидејќи немавме подготовка изминатиов викенд. Имавме потребно време за да анализираме и да го подобриме нашиот став.

– Резултатот од првиот меч не го преслика тоа што се случи на теренот, не заслуживме пораз, но сега мора да бркаме резултат. Ние не сме тим кој тактизира и убедени сме дека ќе направи пресврт за полуфинале, – порача Енрике кој не е загрижен како ќе биде пречекан од навивачите на Барселона.

– Воопшто не ми е гајле и не сум загрижен за тоа. Секогаш кога сум се враќал во Барселона, фановите ме пречекувале добро, се чувствувам сакано. Јас сум фан плус на Барса, ќе прифатам било каква реакција од публиката и ќе се однесувам како професионалец, – изјави Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни