Поврзете се со нас

Шпанија

Луис Енрике со урнебесна споредба за фудбалот без навивачи го насмеа светот

Објавено

на

Коронавирусот предизвика големи проблеми во светот на фудбалот, а многумина стравуваат дека фудбал без навивачи ќе се игра уште долго време.

Сигурно е едно, оваа сезона во лигите кои одлучија да заврши ќе се доигра без присуство на навивачи.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин со оптимистичен коментар најави дека публиката ќе се врати на стадионите во скоро време.

Германската Бундеслига јасно покажа дека фудбалот без гледачи и не е толку интересен, па многумина го очекуваат враќањето на публиката на трибините.

За целата оваа ситуација свој коментар даде и селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике кој направи урнебесна споредба.

– Играњето фудбал без навивачи е потажно  од танц со сопствената сестра, -низ шега изјави Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни