Шпанија
Луис Енрике со свој искрен став за „сапуницата Меси“: Клубот е над секој, ќе беше многу подобро ако….
Луис Енрике денеска одржа прес конференција во пресрет на дуелот со Украина во Лигата на нации, но шпанскиот селектор како поранешен тренер и легенда на Барселона, не пропушти да даде и искрен коментар за целата сапуница која ја изрежираа клубот и Лионел Меси.
Селекторот на „фуријата“ во изминатиот период се обидуваше да се држи на страна и не даваше официјален став за она што се случува во клубот, но сега откако Меси на крајот одлучи да остане во клубот, Луис Енрике денеска излезе со изјава со која призна дека не е задоволен од пристапот на двете страни.
– Станува збор за многу деликатна тема, но сега ќе се огласам. Клубовите сегакош се над се и над секого. Вистина е, Лео направи Барселона многу да напредне, но ќе бидам искрен. Ќе беше многу подобро ако се постигнеше договор меѓу двете страни.
– Двете страни треба да бидат благодарни, си помогнаа еден на друг две децении. Верувајте, не се случи сега, но ќе дојде ден кога Лео ќе ја напушти Барселона, тоа е сигурно. Кога ќе дојде тој ден, ќе биде вистинска штета, но Барселона ќе остане голема и ќе продолжи да освојува титули, – порача Енрике.
Инаку, Луис Енрике е последниот тренер кој и донесе огромни успеси на Барселона во фудбалска Европа, бидејќи во својата етапа на „Камп Ноу“ ја освои „триплетата“.
-
Шпанија24 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет10 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија23 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија21 час
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
АТП12 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај